Нелегално се одлага смет покрај патот за Братимдол
22 април 2026
Ѓубриштето е активно
Патот кој води кон битолското село Братимдол деновиве се соочува со сериозен проблем од мини-диви депонии. Несовесни граѓани и бизниси масовно одлагаат секаков вид отпад – од градежен шут и пластика, па сè до стар мебел и комунален смет – веднаш покрај самиот коловоз.
Локалните жители реагираат дека сликата е застрашувачка, а непријатната миризба се шири низ околината, особено со затоплувањето на времето.
Патот за Братимдол, кој инаку често го користат рекреативци и велосипедисти, полека ја губи својата природна убавина и се претвора во несредена депонија.
Сподели на социјалните мрежи
Активностите се во рамки на проектот Еко Аларм се реализирани од тим на млади предводени од Павел Николоски, со поддршка од Здружението на граѓани Граѓански патеки Битола, во рамки на EU Youth Empowerment Fund (партнерството на Европската унија со најголемата светска младинска организација „The Big Six“), и е имплементиран преку Global Youth Mobilisation.
Проектот е финансиски поддржан од Европската унија.