Под Буковски мост се фрла отпад, еко закана за реката
19 мај 2026
Ѓубриштето е активно
Просторот под Буковски мост во Битола е претворен во дива депонија која директно ја загрозува локалната река и пошироката животна средина. Несовесни граѓани веќе подолго време го користат овој локалитет за нелегално одлагање на секаков вид смет, создавајќи грозна слика и сериозна еколошка закана.
На самото место можат да се забележат големи количини на пластична амбалажа, стари гуми, градежен шут, па дури и угинати животни и опасен отпад. Најголемата загриженост произлегува од фактот што дел од отпадот веќе е завршен во речното корито, со што директно се загадува водата и се уништува речниот екосистем.
Предупредување од еколозите: „Ова што се случува под Буковски мост е еколошка бомба. Со секое наредно зголемување на водостојот, реката ќе го повлече овој отпад низводно, ширејќи ја заразата и загадувањето низ целиот регион. Потребна е итна, радикална акција пред да биде предоцна.“
Сподели на социјалните мрежи
Активностите се во рамки на проектот Еко Аларм се реализирани од тим на млади предводени од Павел Николоски, со поддршка од Здружението на граѓани Граѓански патеки Битола, во рамки на EU Youth Empowerment Fund (партнерството на Европската унија со најголемата светска младинска организација „The Big Six“), и е имплементиран преку Global Youth Mobilisation.
Проектот е финансиски поддржан од Европската унија.