Еколошко нагрдување: Нова дива депонија никна сред зеленилото во Нова Битолa
6 мај 2026
Ѓубриштето е активно

Жителите на населбата Нова Битола алармираат за уште една еколошка точка која сериозно ја загадува животната средина и го нагрдува ликот на овој дел од градот. Нова дива мини депонија никна на локација која првично беше замислена како мирно катче за одмор и рекреација, опкружено со зеленило.
Наместо детска грака, клупи за одмор и чист воздух, локалните жители сега се соочуваат со купишта нелегално депониран смет. На локацијата секојдневно се фрла сè и сешто – од пластични шишиња и отпад од домаќинствата, па сè до кабаст материјал и градежен шут.
„Ова требаше да биде зелена оаза за нашите деца и за постарите соседи кои сакаат да поседат на чист воздух. Наместо тоа, преку ноќ локацијата се претвори во буниште. Се шири неподнослива миризба, а ветерот го разнесува ѓубрето пред нашите прозорци. Како некој намерно да сака да уништи сè што е убаво и зелено во населбата.“
Оваа нова мини депонија е само уште еден доказ за ниската еколошка свест на поединци, но и за недостигот на навремена контрола на теренот. Со затоплувањето на времето, граѓаните стравуваат дека ова место ќе стане извор на зарази и легло за глодари и кучиња скитници.


Сподели на социјалните мрежи
Активностите се во рамки на проектот Еко Аларм се реализирани од тим на млади предводени од Павел Николоски, со поддршка од Здружението на граѓани Граѓански патеки Битола, во рамки на EU Youth Empowerment Fund (партнерството на Европската унија со најголемата светска младинска организација „The Big Six“), и е имплементиран преку Global Youth Mobilisation.
Проектот е финансиски поддржан од Европската унија.