Неискосените треви како скривници за смет
1 јуни 2026
Високите, неискосени треви низ битолските населби и јавни површини, добија нова, неславна функција. Наместо уредени зелени оази, тие станаа идеално скривалиште за отпад.
Граѓаните револтирано реагираат дека негрижата на надлежните за косење на тревата создаде сериозен комунален и еколошки проблем.
Тревниците како „контејнери“ Високата трева буквално „голта“ сè што несовесните граѓани ќе фрлат во неа.
Во густите зелени површини најчесто можат да се забележат: Пластични шишиња и амбалажа од храна, Ќеси со домашно ѓубре, Градежен шут и стар мебел.
Сподели на социјалните мрежи
Активностите се во рамки на проектот Еко Аларм се реализирани од тим на млади предводени од Павел Николоски, со поддршка од Здружението на граѓани Граѓански патеки Битола, во рамки на EU Youth Empowerment Fund (партнерството на Европската унија со најголемата светска младинска организација „The Big Six“), и е имплементиран преку Global Youth Mobilisation.
Проектот е финансиски поддржан од Европската унија.