ЕКО ЖУРНАЛ

Мини депонии никнуваат и на Смолево

29 декември 2025

Ѓубриштето е активно

Смолево е едно од омилените излетнички места на битолчани, каде многумина одат на чист воздух и во природа. Но за жал ова место е на мета и на несовесни посетители поради кои во просторот околу црквата „Свети Атанас“, никнуваат мини депонии. Несовесното однесување на дел од посетителите остава траги од пластика и лименки на секој чекор.

Пластични шишиња од вода и сокови се расфрлани по тревниците.

Лименки и најлонски кеси висат од гранките или се натрупани во импровизирани мини депонии.

Остатоци од храна и амбалажи кои ја загрозуваат околината и здравјето на посетителите.

Локалните жители и редовните рекреативци со разочарување коментираат дека еко-свеста е на критично ниво. Иако Смолево нуди идеални услови за одмор, недостатокот на грижа за сопствениот отпад го уништува и нагрдува природното богатство во околината на Битола. Битолчани кои редовно го посетуваат ова место со апел до сите посетители: „Секој што носи полна амбалажа до Смолево, може истата, празна и полесна, да ја врати назад до најблискиот контејнер во градот“.
Сподели на социјалните мрежи

Активностите се во рамки на проектот Еко Аларм се реализирани од тим на млади предводени од Павел Николоски, со поддршка од Здружението на граѓани Граѓански патеки Битола, во рамки на EU Youth Empowerment Fund (партнерството на Европската унија со најголемата светска младинска организација „The Big Six“), и е имплементиран преку Global Youth Mobilisation.
Проектот е финансиски поддржан од Европската унија.

Покровители на проектот Еко Аларм: