Несоодветно депонирање на габаритен отпад
3 ноември 2025
Ѓубриштето е активно
Иако депонирањето на габаритен отпад се врши со претходна најава во комуналните служби кои бесплатно на повик на граѓаните го подигаат ваквиот отпад во договорени термини, дел од граѓаните се уште се ослободуваат од стариот мебел и друг отпад на несоодветен начин. Ваков случај е регистриран на улица „Ѓорги Наумов“ во Битола каде некој стариот кревет заедно со истрошен душек ги оставил до контејнерите. Инаку, ЈП Комуналец бесплатно подига ваков отпад, но тоа граѓаните треба соодветно да го најават и договорат со комуналните служби. На тој начин ваквото несоодветно фрлање на старите работи би се избегнало.
Сподели на социјалните мрежи
Активностите се во рамки на проектот Еко Аларм се реализирани од тим на млади предводени од Павел Николоски, со поддршка од Здружението на граѓани Граѓански патеки Битола, во рамки на EU Youth Empowerment Fund (партнерството на Европската унија со најголемата светска младинска организација „The Big Six“), и е имплементиран преку Global Youth Mobilisation.
Проектот е финансиски поддржан од Европската унија.