Направиле депонија, па ја запалиле
10 март 2026
Ѓубриштето е активно
Граѓани регираат на создавање на депонија во непосредна близина на предавателите над Еврејските гробишта во Битола, односно на потегот помеѓу населбите „Стрелиште“ и „Ушици“.
Се работи за несоодветно депонирање во природа на хартиен, пластичен и текстилен отпад со што директно се загадува овој зелен појас на Битола. Меѓу отпадоците може да се забележат пластични шишиња, лименки, тетрапак од сокови и пива, пластични и хартиени тацни и најмногу картонски кутии од пици, како и роденденски украси и играчки.
Но, за да биде трагедијата уште поголема по првата реакција дека несоодветно е депониран отпад во природа, некој ја запалил депонијата веројатно во обид да се ослободи од истата. Но, не само што не го решил проблемот, туку сега локацијата изгледа уште полошо. За среќа пожарот не се проширил и не зафатил поголема површина, но штетата е веќе направена.
Сподели на социјалните мрежи
Активностите се во рамки на проектот Еко Аларм се реализирани од тим на млади предводени од Павел Николоски, со поддршка од Здружението на граѓани Граѓански патеки Битола, во рамки на EU Youth Empowerment Fund (партнерството на Европската унија со најголемата светска младинска организација „The Big Six“), и е имплементиран преку Global Youth Mobilisation.
Проектот е финансиски поддржан од Европската унија.