Ѓубриште под мостот над училиштето Климент Охридски
3 ноември 2025
Ѓубриштето е активно

Граѓани се жалат поради дива депонија која што се наоѓа во близина на основното училиште Климент Охридски во Битола. Велат дека тоа е првата глетка од нивните балкони и дека не им е пријатна. Се работи за локацијата до мостот кој се наоѓа во близина.
Она што може да се види е дека несовесни граѓани оваа локација ја користат за одлагање на смет. Овде се фрла се и сешто. Од искористени конзерви и лименки, до најлони, стари гуми, па дури и ќебиња.
Локалните жители стравуваат дека ваквиот проблем носи ризици по здравјето. Посочуваат дека од тука минуваат секој ден по неколку пати дневно кога излегуваат за на работа или се враќаат. Од тука поминуваат и голем број ученици кои се школуваат во локалното училиште.
Затоа бараат брзо решавање на ваквиот проблем. Велат доколку просторот се уреди како зелена површина со хортикултурно уредување веројатно тоа ќе ги одврати несовесните граѓани да фрлаат смет во овој дел.
Сподели на социјалните мрежи
Активностите се во рамки на проектот Еко Аларм се реализирани од тим на млади предводени од Павел Николоски, со поддршка од Здружението на граѓани Граѓански патеки Битола, во рамки на EU Youth Empowerment Fund (партнерството на Европската унија со најголемата светска младинска организација „The Big Six“), и е имплементиран преку Global Youth Mobilisation.
Проектот е финансиски поддржан од Европската унија.