ЕКО ЖУРНАЛ

Граѓани реагираат на дива депонија во населбата Довлеџик

31 октомври 2025

Ѓубриштето е активно

И ова е слика од Битола. Глетка која секако не приличи на конзулски град, но која е реалност.

На оваа состојба реагираа граѓани. Алармираа за еколошката состојба во населбата Довлеџик.

По ова нашата екипа веднаш излезе на терен и еве што затекнавме: Сметот повторно надвор од контејнерите. Иако контејнерите ни оддалеку не беа преполни, повеќе ѓубре има надвор од нив, одошто во нив.

Дотраен точак некој решил да го депонира надвор на површина која би требало да биде парк. Некој го реновирал своето копатило, па старата каде ја фрлил речиси на улица, веднаш до паркингот.

Друг решил на истиот начин да се ослободи од старите гуми. Целото место се претворило во мини депонија.

И тоа е и она што околните жители го гледаат кога ќе излезат на своите балкони, бидејќи директниот поглед од повеќето станбени единици паѓа токму тука.

Сите се согласуваат дека глетката не е убава. Но еколошката свест очигледно се уште не е доволно висока за вакви глетки да нема повеќе.
Сподели на социјалните мрежи

Активностите се во рамки на проектот Еко Аларм се реализирани од тим на млади предводени од Павел Николоски, со поддршка од Здружението на граѓани Граѓански патеки Битола, во рамки на EU Youth Empowerment Fund (партнерството на Европската унија со најголемата светска младинска организација „The Big Six“), и е имплементиран преку Global Youth Mobilisation.
Проектот е финансиски поддржан од Европската унија.

Покровители на проектот Еко Аларм: