ЕКО ЖУРНАЛ

Диви депонии под „окото“ на камерите: Дали видео надзор ќе спречи загадување?

12 март 2026

Цела Македонија се бори со тивок, но грд непријател – дивите депонии. Таква е состојбата и во Охрид, град под заштита на УНЕСКО, каде реалноста на терен е поразителна. На неодамнешната панел-дискусија за управување со отпад, беа изнесени загрижувачки податоци: во Охрид и околината се мапирани дури 30 диви депонии, а на 20 од нив секојдневно се фрла нов отпад.

Едно е решенијата е поставување на видео надзор на критичните точки.

Камери против депонии: Последен обид за ред?

Главната стратегија на Општината и Ј.П. „Охридски Комуналец“ е поставување камери на 30 локации каде што нелегалното депонирање е најизразено. Целта е едноставна: да се идентификуваат прекршителите и да се преземат казнени мерки.

Најголем проблем е градежниот шут кој редовно никнува кај месноста Лабино, но и во околните села како Рамне, Лакочереј и Велгошти. Само минатата година се собрани над 5.000 кубици разновиден отпад – планина од ѓубре која не требало да биде таму.

Ниска свест или недостаток на систем?

Додека камерите треба да бидат „страшило“ за оние кои фрлаат шут и стар мебел каде ќе стигнат, активистите предупредуваат дека проблемот е подлабок. Свеста кај граѓаните е на ниско ниво, но и системот има свои дупки:

  • ● Недостаток на контејнери: Граѓаните бараат повеќе садови за селектирање пластика и хартија.
  • ● Високи казни, малку инспектори: Иако казните се енормно високи, на терен нема доволно луѓе кои ќе ги контролираат прекршителите.
  • ● Потреба од пунктови: Се предлага отворање на собирни центри каде луѓето сами, легално и бесплатно ќе можат да го одлагаат кабастиот отпад.

Што понатаму?

Како млади луѓе кои сакаат да живеат во чиста средина, ја поддржуваме иницијативата за видео надзор. Време е технологијата да го направи она што апелите не успеаја. Сепак, камерите се само прва помош. Вистинското решение лежи во воспоставување функционален систем за управување со отпад и едукација дека отпадот не е ѓубре, туку суровина.

Охрид заслужува камери кои ќе снимаат туристи и убавини, а не камиони кои истураат шут во природа. Борбата против дивите депонии продолжува, овојпат со „дигитален сведок“.
Сподели на социјалните мрежи

Активностите се во рамки на проектот Еко Аларм се реализирани од тим на млади предводени од Павел Николоски, со поддршка од Здружението на граѓани Граѓански патеки Битола, во рамки на EU Youth Empowerment Fund (партнерството на Европската унија со најголемата светска младинска организација „The Big Six“), и е имплементиран преку Global Youth Mobilisation.
Проектот е финансиски поддржан од Европската унија.

Покровители на проектот Еко Аларм: